Вести Свет

Пакистански карго авион од типот „Боинг 737“ исчезна над Арапското Море

Товарен авион со пет члена на екипажот исчезна во близина на пакистанското пристаниште Карачи, откако претходно почнал брзо да се спушта и загубил контакт со контролата на летање на Обединетите Арапски Емирати.

Пакистанската управа за цивилно воздухопловство објави на социјалните медиуми дека во тек се спасувачки операции во Арапското Море. Причината за исчезнувањето на авионот сè уште не е позната.

Авионот од типот „Боинг 737“ на „K2 Airways“ со седиште во Карачи, бил на товарен лет од Шарџа во Обединетите Арапски Емирати до Карачи кога пријавил проблем со својот навигациски систем во 21:18 часот по локално време.

Според копнениот радар, авионот започнал брзо да се спушта и направил нагло менување на курсот околу 21:21 часот по локално време пред да исчезне од радарот и да го изгуби радио контактот околу 155 наутички милји (287 километри) западно од Карачи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за нестабилност – Временска прогноза за 9.7.2026

meteo

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денес во посета на Скопје

Tea Dimkovska

Рим презема мерки за заштита од топлотните бранови

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе