Светските цени на нафтата пораснаа за повеќе од два отсто, по новите тензии меѓу САД и Иран, додека американските власти повторно воведоа санкции за продажба на иранска нафта.
Аналитичарите предупредуваат дека новата ескалација ги зголемува стравувањата од нарушување на снабдувањето со енергенси од Блискиот Исток. Цената на северноморската нафта „Брент“ достигна 76,08 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI се искачи на 72,26 долари.
Пазарите реагираа по веста дека американските напади биле одговор на инцидентите со три трговски бродови во Ормускиот Теснец, една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта. Експертите оценуваат дека секое понатамошно влошување на безбедносната состојба во Ормускиот Теснец може дополнително да ги зголеми цените на нафтата.
