Бугарскиот премиер Румен Радев предупреди дека настојувањата на западните земји да остварат воена победа над Русија, драматично ја зголемуваат опасноста од поширока ескалација на војната, вклучително и можност за нуклеарен одговор.
Обраќајќи се на самитот на НАТО во Анкара, Радев оцени дека западните земји се обидуваат со конвенционални средства да ја поразат најголемата нуклеарна сила, иако немаат доволно развиени капацитети за одбрана од современите руски хиперсонични ракети.
„Мојата порака е едноставна. Ние, колективниот Запад, се обидуваме да постигнеме конвенционална победа над најголемата нуклеарна сила, а притоа немаме доволни капацитети да се спротивставиме на нејзините хиперсонични ракети“, изјави Радев, пренесува „Европска правда“.
Радев и претходно ги повика европските земји за посилна поддршка на дипломатските напори за завршување на војната во Украина.
