Вести Македонија

Николоски и директорoт на ЈП Железници на тест возење на реконструирана пруга за товарен железнички сообраќај

Преку тест возење министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид реконструираната пруга. Според Николоски оваа делница е предвидена исклучиво за товарниот железнички сообраќај со цел подобра организација и развој на целокупниот транспорт.

Според министерството за транспорт и врски завршената реконструкцијата на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден е предвидена да ги пренасочи товарните возови надвор од Скопје.

„Драго ми е што правиме тест возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на Грaдот Скопје, линијата меѓу Дрaчево и Илинден,  со која што товарните возови се вадат надвор од Градот Скопје“, изјави министерот Николоски. 

Тој посочи дека со реконструкцијата ќе се заштити животната средина и ќе се намали загадувањето во скопското градско подрачје.

„Тоа ќе значи многу за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето во Скопје од една страна, но од друга страна ќе значи побрз карго сообраќај на Коридор 10, што ќе значи повеќе бизнис и повеќе железнички композициии на македонските пруги што многу ќе приоднесе за развој на бизнисот и целокупниот транспорт“, додаде Николоски.

Дополнително е најавено и и предвидено пуштањето на Градскиот воз од први септември со возна линија од Зелениково преку Драчево до центарот на Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Google Street View се враќа во Македонија со обемно обновување на снимките низ земјата – опфатени 13.000 километри

Sasko Dimovski

Руте: Новите напади на САД врз Иран беа апсолутно неопходни

Sasko Dimovski

Сиљановска од Анкара: Со политичка мудрост можеме да креираме решенија во служба на мирот и безбедноста

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе