Примирјето со Иран е завршено за претседателот на САД, Доналд Трамп.
„За мене мислам дека е готово. Не сакам повеќе да се занимавам со тоа. Ќе разговарам со нашите преговарачи, тие сакаат да преговараат. Што се однесува до мене, губење време е да се соработува со нив“, порача Трамп од Анкара, каде присуствува на Самит на НАТО, пренесува „Скај њуз“.
Неговите коментари доаѓаат по соопштението на Централната команда на Оружените сили на САД за серијата воздушни удари врз цели во Иран, потенцирајќи дека се одговор на иранските напади врз три трговски бродови што минувале низ Ормускиот Теснец.
„Болни се. Нешто не е во ред со нив. Им рековме да одат и да ги извршат своите погреби, а наместо тоа, тие почнаа да пукаат со ракети и бродови. Многу силно ги удривме“, изјави Трамп.
Според него, САД потрошиле многу време на Иран.
„Им реков дека секој пат кога ќе удрат, ќе удриме и ние. Тие се валкани играчи. Ние не ги сакаме, јас не ги сакам. тие се зли, болни, луѓе. Тие се канцер. И знаете шпто правите тогаш? – Морате рано да го искорените канцерот“, додаде Трамп.
