Вести Македонија Топ вести

Власта го изгласа заемот од 260 милиони евра на Комисијата за финсирање, СДСМ ја напушти седницата

Едните ја бојкотираа расправата, другите зборуваа како заемот  ќе се искористи правилно.

Новото задолжување и фискалната стратегија на Владата го поминаа првиот филтер во Собранието  без да присуствува опозицијата.

Пред самиот старт на Комисијата, претседателот на СДСМ Филипче излезе и кажа дека тие нема да бидат  дел од  како што велат секојдневно брутално задолжување со милион, пари кои не се трошат за ништо освен за партиски фирми за тендери.

„Опасно се зголемува вкупниот долг, за две милијарди евра за само две години е зголемено задолжувањето на земјава пари кои што ќе ги враќаат следните генерации. Вкупниот долг кој што беше 8, 5 милијарди евра во 2024 година, сега е близу 11 милијарди евра. се поставува прашањето има ли оваа власт компас, има ли идеја има ли визија на каде и како ја води државата“, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Веднаш по Филипче на собраниската говорница дојде пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Стојановски и кажа дека СДСМ бегаат од дебата за заемот затоа што немаат аргументи.

„Прво, се тврдеше дека во салата 4 нема просторни услови, односно нема каде да се седне, обезбедивме место. Потоа, се тврдеше дека заемот е ставен како втора точка на дневен ред, ја ставивме како прва точка. Причината е едноставна, свесни се дека немаат аргументи со кои би ги поткрепиле сопствените тврдења“,рече  Бојан Стојановски- пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Комисијата за финансирање и буџет почна. Неколку пратеници од ВМРО ДПМНЕ излегоа со убедувања дека новиот долг ќе биде искористен за да се довршат значајни капитални проекти и дека не е договорен во четири очи. На седницата беа присутни и членови од Фискалниот совет кои пак ја образлагаа новата фискална стратегија со која Владата излезе со полоши прогнози за домашната економија.

 

Задолжување од 260 милиони евра планот е да се потрошат за буџетски потреби и капитални расходи.  Иако, Владата  побара заемот да биде 300 милиони евра, сепак неколку банки се сложија да дадат помалку пари. Рокот за отплата  е 7, а грејс периодот три години. Каматата околу 4, 4 проценти. Државата плус ќе треба да  плаќа секој месец по   12. 500 евра за агентот кој бил вклучен во преговорите, но и еднократна провизија за заемодавателите.

Инаку, препукувањата на пратениците од власта и опозицијата околу новото задолжување почнаа уште пред неколку дена со натегања околу дневниот ред и прашањата дали има или не услови за да се одржи расправата.

Од СДСМ освен што ја напуштија Комисијата, најавија и кривична пријава и интерпелација против спикерот Гаши, поради кршење на деловникот и постојани злоупотреби на функцијата.

Ирена Чачкова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето ја оштети дистрибутивната мрежа, во дефект остануваат 300 трафостаници

Дејан Дејан

Уапсен е 62 годишник од струмичко – силувал малолетничка

Kristina Kuzmanovski

Клиничка болница-Штип со апел: Пациентите со скршеници да се транспортираат во другите болници

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе