Вести Економија Македонија

Загубите на вода во државата лани изнесувале 63,05 проценти

Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Намалување од 0,33 кубни метри има и кај просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода, која во 2025 година изнесувала 12,59 метри кубни. Домаќинствата од Југозападниот Регион имаат најмала просечна потрошувачка од 8,67 кубни,метри, а во Вардарскиот Регион е најголема со 15,10 кубни метри.

РКЕ информира дека фактурираната количина вода во 2025 година изнесува 36,95 проценти и е практично на исто ниво како и претходната година (36,79 проценти).

Највисок процент на неприходувана вода има во Југозападниот Регион од 73 проценти, а најмал процент на неприходувана вода е регистриран во Југоисточен Регион – 47,88 проценти.

Процентот на покриеност со водоснабдување во 2025 година бележи зголемување во сите региони во споредба со 2024 година, при што најголема покриеност има во Источниот Регион со 92,58 проценти, а најголемо зголемување на процентот на покриеност со вода за една година од над 3 проценти е регистриран во Југоисточниот Регион  и изнесува 87,50 проценти.

Станува збор за проширување на мрежата преку нови инвестиции, но влијание во зголемувањето на покриеноста со водоснабдување има и трендот на приклучување на малите водоснабдителни системи од руралните средини и нивното присоединување кон големата градска мрежа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварската вода под истрага и на лабораториска анализа- над 1.200 луѓе пријавиле симптоми на труење

Дејан Дејан

МОН го објави конкурсот за студентските домови – во реновираниот дом „Стив Наумов“ ќе се плаќа 6600 денари додека во другите 3410 денари

Tea Dimkovska

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе