Вооружениот маж кој пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа е именуван како Кол Томас Ален. 31-годишникот наводно е од Торанс, Калифорнија – во југозападните предградија на Лос Анџелес.
Полицијата вели дека тој бил гостин во хотелот Вашингтон Хилтон, каде што се одржувала вечерата, и носел повеќе оружја – вклучувајќи пиштоли и ножеви. При обид да влезе во салата, испукал неколку куршуми кон обезбедувањето. Ренет е еден агент, но е надвор од животна опасност.
По инцидентот и Ален е на болничко лекување. Се очекува формално да биде обвинет во понеделник. Дел од американските медиуми објавија дека работел како предавач и програмер на видео игри откако дипломирал на високо ценетиот Калифорниски институт за технологија, а потоа и магистрирал.

Тој ќе се соочи со две обвиненија – за употреба на огнено оружје за време на насилно злосторство и за напад на сојузен агнет со опасно оружје. Неговиот мотив за нападот засега не е познат.
Тој беше брзо совладан и уапсен.
