Вести Свет Топ вести

Четврт инцидент со пукање во близина на Трамп

По синоќешното пукање на вечерата за дописниците од Белата куќа, американските новинари го запрашаа претседателот Трамп зошто вакви инциденти продолжуваат да му се случуваат.

Тие не ги напаѓаат оние што не работат ништо, бидејќи тоа го сакаат. Кога ќе ги погледнете луѓето кои или преживеале обид за атентат или биле убиени, сите се влијателни луѓе. Само погледнете ги имињата, големите имиња, не сакам да кажам дека сум почестен од тоа, но и јас имам направено многу.

Од летото 2024 година ова е четврт вооружен инцидент кој се случува во негова близина. Првиот, и најпознат беше класичен обид за атентат, кога во него беше пукано за време на митинг во градот Батлер, во сојузната држава Пенсилванија. Трамп се здоби со занемарлива повреда на левото уште, но едно лице од публиката го загуби животот. Застрелан беше и атентаторот.

Потоа, неколку месеци подоцна во септември во текот на кампањата, Трамп беше набрзина евакуиран од неговото голф игралиште во Палм Бич на Флорида, откако Тајната служба забележала вооружено лице во грмушките. И тој атентатор беше застрелан од агент на Тајната служба.

Последниот инцидент пред синоќешниот се случи во февруари годинава, кога исто така вооружено лице беше застрелано од претседателското обезбедување откако го пробило безбедносниот параметар на службите во приватната резиденција на Трамп во Мар а Лаго, исто така на Флорида.

Кој е Кол Томас Ален кој пукаше на вечерата на дописници во Белата куќа

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе