Венко Филипче е последниот што има кредибилитет да зборува за состојбите во здравството. СДС нема право да зборува за здравството, СДС за нивните 7 години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи, велат од ВМРО – ДПМНЕ.
- Граѓаните добро паметат во каква состојба го остави здравствениот систем по неговиот мандат со наталожени проблеми, недостиг на кадар, долги листи на чекање и нарушена доверба во институциите. Венко Филипче, како министер за здравство, направи тотален колапс на здравствениот систем. Токму во периодот кога Филипче беше министер, голем број здравствени работници го напуштија јавното здравство, а системските проблеми останаа нерешени, соопштуваат од партијата.
Потенцираат дека Филипче како министер за здравство, не само што го доведе здравството до колапс, туку и профитираше на секој можен начин, и остави зад себе руиниран сектор во кој пациентите умираа по ходниците.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
