100 долари за барел надмина цената на суровата нафта, поттикната од заканите за нарушување на испораките преку Ормуска Теснина и теснината Баб ел-Мандеб, како и од стравувањата од нови напади врз енергетската инфраструктура на Блискиот Исток.
Меѓународниот репер „брент“ се тргуваше по цена од 100,17 долари за барел во 16:16 часот по локално време (13:16 по ГМТ), што е раст од околу 6,5 проценти во однос на претходното затворање од 94,07 долари.
Американската сурова нафта WTI достигна цена од 91,54 долари за барел, што претставува раст од 5,46 проценти во споредба со претходната сесија, кога се тргуваше за 86,80 долари.
Фјучерсите на „брент“ се искачија на највисокото ниво од 27 мај.
Последниот раст следуваше по новите предупредувања од Вашингтон и од Техеран, како и по информациите за напади врз саудиски нафтени танкери и за експлозија на брод во Ормуска Теснина.
