Вести Македонија

ДУИ: Град Скопје веднаш да го отстрани незаконскиот билборд и да ја почитува двојазичноста

Демократската унија за интеграција уште еднаш го повикува градоначалникот на Град Скопје веднаш да го отстрани незаконскиот билборд за добредојде и да го замени со билборд што целосно ги почитува законските обврски за употреба на албанскиот јазик.

  • И покрај бројните реакции на граѓаните и јавноста, Град Скопје продолжува да ја игнорира двојазичноста и мултиетничкиот карактер на главниот град. Исклучувањето на албанскиот јазик од официјален билборд не претставува само прекршување на законот, туку и постапка што создава чувство на исклученост и предизвикува непотребни меѓуетнички тензии, велат од партијата.

ДУИ нема да дозволи почитувањето на албанскиот јазик да зависи од политичката волја на еден поединец. Поради тоа, ќе поведеме правна постапка пред надлежните институции за утврдување и санкционирање на ова прекршување.

Сепак, почитувајќи ја реакцијата на граѓаните и потребата од зачувување на соживотот, уште еднаш го повикуваме градоначалникот на Скопје да постапи одговорно, да го почитува законот и да не создава поделби, омраза и меѓуетнички тензии во главниот град, велат од ДУИ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Документарниот филм на Милчо Манчевски „Добри луѓе“ во трка за наградата „Срцето на Сараево“

Sonja Petrusevska

ВМРО – ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет да зборува за здравството каде остави тотален колапс

Дејан Дејан

Старата чаршија пулсира во ритамот на музиката: Започна првото издание на Интернационалниот фестивал „Чаршија“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе