По Гостивар, Валандово и болницата во Лешок – сега и Крушево. Водата е бактериолошки неисправна за пиење. За само неколку денови имаме четири случаи на загадена вода за пиење, реагираат од опозициската СДСМ.
Прашуваат уште колку градови пијат неисправна вода, а јавноста не е информирана?
Од СДСМ велат дека додека Мицкоски свечено отвора базен во Кавадарци, половина Македонија нема безбедна вода за пиење. Истакуваат дека за две години оваа власт успеа да ја потоне економијата. Сега изгледа дека граѓаните се дават и во отров.
Опозицијата прашува дали некој воопшто ќе ја провери водата во базенот што го отвораат со орбанови-кинески пари? Или и таму важат истите стандарди како во Гостивар, Валандово, Лешок и Крушево?
Сметаат дека состојбата не е низа од несреќни локални инциденти. Ова е системски колапс. Последица на нестручност и незнаење на кадарот што го поставија.
