Во Грција е регистриран вкупно 21 случај на вирусот Западен Нил, од кои 14 се потврдени во текот на минатата седмица, согласно податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје.
Кај 20 случаи има симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна блага парализа) и 13 од нив се хоспитализирани, а еден случај е со умерени или без симптоми поврзани со централниот нервен систем.
Првиот случај на инфекција за оваа сезона во Грција беше регистрирани на почетокот на месецов.
Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.
Лани, во Грција беа регистрирани 96 случаи, а од Западен Нил починаа девет лица.
