Вести Македонија

ВЛЕН: Дали случајот со водата во Гостивар излегува како случајот со канализацијата во Зајас?!

„Арбен Таравари е во спротивност со своите изјави. Додека еднаш се појави пред граѓаните на Гостивар и ја обвини тогашната влада дека ги „труе“ граѓаните со негрижа и неактивност, за време на неговиот мандат излезе и рече дека го решава проблемот со водата во Гостивар „за следните 100 години“!“, се вели во денешното соопштение од ВЛЕН.

  • Денес, кога одговорноста паѓа на администрацијата што ја водеше, Таравари не само што не исполни ниту едно од ветувањата, туку не дава никаква политичка одговорност. Двата гигантски резервоари што ги вети и во 2022 година за решавање на проблемот со водата за пиење, донација од Швајцарија, исто така не беа направени.

Влен бара одговори на неколку прашања:

  • Каде отидоа 7 милиони евра помош од Швајцарија?
  • Другото прашање; Дали случајот со водата во Гостивар излегува како случајот со канализацијата во Зајаз?

ВЛЕН бара целосна одговорност за секој функционер кој не успеал да го заштити јавното здравје и бара целата вистина да излезе на виделина. Никој не може да се крие зад својата позиција, партија или молчење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Организираната криминална група ВМРО ќе ја отруе цела Македонија

Дејан Дејан

Водата во Крушево не е бактериолошка исправна – Центарот за јавно здравје Прилеп препорачува да не се користи за пиење

Sonja Petrusevska

Валандовското комунално цела недела молчело за забраната за пиење на водата од АХВ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе