Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Сведоци повикани од Обвинителството не се појавија на судењето за Пулс

Кратко траеше денешното рочиште за судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ кое продолжи  во судницата во затворот Идризово..

Еден сведок од Општина Кочани не дојде, а неколку други кои беа повикани од Обвинителството, одбиваат да сведочат. И покрај тоа што обвинителството се повлече од сведоците кои ги имаше предложено дел од адвокатите инсистираат тие да се појават. Судот нареди со полиција да бидат донесени оние кои неоправдано ќе одбијат да сведочат, додека оние кои имаат здравствени проблеми да приложат доказ лекарска документација..

Рочиштето заврши порано од вообичаено. Сведочеше Наско Карадаковски, татко на починатиот Александар, кој се водел како управител на фирма на газдата Дејан Јовановски.

Тој рече дека неговиот син бил поставен само формално за управител, бидејќи бил другар со синот на газда Деко, но не одел во банка ниту го водел сметководството. Тој станал нервозен кога дознал дека може да има законски последици од тоа што е  поставен за управител.

Карадаковски почина од повредите здобиени во пожарот во Пулс во Литванија каде што заедно со уште десет лица беше испратен на лекување. Почина три недели по трагедијата во Пулс.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дваесет и два дена загадена вода се вбризгувала во гостиварскиот водовод

Kristina Kuzmanovski

Д-р Ристески предупредува за здравјето на гостиварци: Долготрајни дегистивни проблеми, намален имунитет, отпорност на антибиотици

Kristina Kuzmanovski

Азески во Брунен, Швајцарија, во врска со организацијата на конференцијата за трговските марки и нетарифните бариери

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе