Вести Македонија Топ вести

Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила

Скопјанец што управувал возило со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила вчера бил приведен од полициски службеници.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека 46-годишниот Б.Л. вчера околу 15:35 часот на улицата „Бранислав Нушиќ“ во Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирани „хонда“ и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки. Полициските службеници извршиле алкотестирање и притоа утврдиле дека Б.Л. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 4,01 промили алкохол во крвта.

По насока на јавен обвинител Б.Л. бил задржан во полициска станица, а возилото му било одземено.

Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот против Б.Л. ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Емотивна средба на семејствата на прерано починатиот фудбалер Аган и на Давид кој му посвети гол на својот врсник

Дејан Дејан

Претставници од стотина компании и институции на првиот ИКТ форум Македонија – Грција, договорија соработка и доверба

Дејан Дејан

АХВ за две години спречила повеќе од 367 тони небезбедна храна да стигнат до потрошувачите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе