Вести Економија Македонија Најважни

Судир за цените: Дурмиши тврди нема енормни поскапувања, Спасовски му порача – да оди на пазарче

Министерот Дурмиши тврди – нема информација дека има енормно поскапување, пратеникот од СДСМ, Спасовски му порача да излезе до пазарче и самиот да се увери колку се зголемиле.  Цените и ризиците од воениот конфликт тема на пратенишки прашања. Од пратеничката говорница посочи дека има брутално поскапување. Откако го исчита списокот со производи кои за една недела добиле повисоки цени, го праша министерот Дурмиши дали ќе воведе мерки за превенција, а ако не ги знае цените да оди да ги види.

„Ако не знаете какви се цените излезете од министерство за економија одете на пазар во Буњаковец и ќе видите колку пари се пиперките, колку се доматите и ќе ги видите цените нема кој да ви кажува и што треба да правите“, изјави Оливер Спасовски- пратеник од СДСМ

Министерот Дурмиши од собраниската говорница возврати дека нема информација за енормно поскапување, состојбата се следи и ако треба ќе се донесат мерки.

„И сакам да истакнам дека Државниот инспекторат има поделено 30 групи во целата земја и ги контролира комплет од производителите, тие кои прават дистрибуција и до трговците и до сега не сме имале информација дека има енормно зголемување“, рече Бесар Дирмиши – министер за економија и труд.

Дебатата се зачини и со убедувања дали во земјава се точи гориво по  најниска цена во регионот. Од власта цврсто стојат на ставот дека мерките за ублажување на последиците од поскапувањето на дериватите се навреме донесени. Опозицијата пак е убедена дека  потегот е задоцнет и требало порано да се реагира.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче од Гостивар: Со Мицкоски загрозени се основните човекови права на здравје и здрава вода

Sonja Petrusevska

Центарот за јавно здравје на 29 јуни и на 13 јули известил дека водата во Гостивар е безбедна

Kristina Kuzmanovski

Д-р Ристески предупредува за здравјето на гостиварци: Долготрајни дегистивни проблеми, намален имунитет, отпорност на антибиотици

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе