Главниот функционер на американскиот претседател Доналд Трамп за антитероризам, Џо Кент поднесе оставка поради војната со Иран, порачувајчи дека земјата не претставувала „непосредна опасност“ за САД.
„Не можам со добра верба да ја поддржам војната што моментно се води во Иран“, напиша Кент во објава на социјалните мрежи.

„Иран не претставуваше непосредна закана за нашата земја и јасно е дека оваа војна ја започнавме под притисок на Израел и неговото силно американско лоби“, додаде тој.

Дел од американските правни експерти велат дека на САД им требала непосредна закана за да започнат војна според постоечкиот закон.
Белата куќа сè уште е без коментар за објавата на Кент. Сè уште нема реакција и во Националната разузнувачка служба, а се чини дека објавата на Кент затече многумина во безбедносните и разузнувачки агенции.
