Двајца кандидати се пријавиле на огласот за нов претседател на регулаторната комисија за енергетика. На огласот се пријавиле Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш и Шамил Реџепи, вработен во комисијата.
Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска на седница ќе ги разгледува пријавите.
Огласот за претседател на регулаторна беше објавен откако Марко Бислимоски поднесе оставка, но функцијата ќе ја извршува до изборот на нов претседател на комисијата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
