Вести Култура

Да се подигне свеста за квалитетот на преведување и толкување

Време е да се подигне свеста за улогата на компетентни преведувачи и толкувачи во сите сфери, затоа што има квалитетен кадар и за литературниот и за стручниот превод и нивната работа треба соодветно да се вреднува, смета професор Ѓурчевска-Атанасовска која е воедно и една од авторите на монографското издание „Нови пробиви во македонската традуктологија“, колекција од највлијателните и најзначајните научни трудови на мaкедонски јазик на која работеше заедно со професорите Владимир Цветкоски и Соња Китановска-Кимовска.

„Постојано имаме примери и ситуации во кои што слушаме дека се ангажираат луѓе кои што не се од овој профил, кои што не се специфично обучени за преведувачка активност, ги немаат потребните вештини и знаења. Причини има многу, би кажала дека една од причините е економската ситуација во која што се наоѓаме, луѓето од една страна сакаат повеќе да заработат, брзо да дојдат до заработувачка до профит. Од друга страна има други кои што би сакале, па и помалку да платат за дејноста“, рече д-р Катарина Ѓурчевска-Атанасовска од Катедрата за преведување и толкување при Филолошки факултет „Блаже Конески“.

Дополнително на овој проблем се надоврзуваат и новите технологии кои што се реалност.

„И овозможуваат тој процес многу полесно да се врши и да се одвива и би кажала дека секој се дрзнува да си дозволи, да се нафати на една ваква сериозна и одговорна активност како што е преведувањето. Не сум сигурна колку луѓето се свесни за одговорноста што ја носи оваа работа“ додаде д-р Катарина Ѓурчевска-Атанасовска.

Станува збор за цела наука која бара сериозен пристап.

„Инаку традуктологијата која што до пред 20-тина години не можеше да се аргументира дека е на некое завидно ниво, денеска можеме да кажеме дека добива една своја завршница во поглед и на академски третман и во поглед на тоа како се рефлектира во реалноста и секојдневието на полето на книжевното преведување“, вели Владимир Цветкоски од Катедрата за преведување и толкување при Филолошки факултет„Блаже Конески“.

Во монографското издание „Нови пробиви во македонската традуктологија“ се опфатени научни трудови кои се поделени во три циклуса и третираат преведувачки теми од аспект на книжевноста, културологијата, лингвистиката и методиката на наставата по преведувањето.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе