Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани порача дека кризата во Ормутскиот теснец треба да се решава низ дипломатски пат и нагласи дека неговата земја не учествува во никакви поморски мисии кои би можеле да се прошират на тоа подрачје.
„Што се однесува со Ормуз, верувам дека дипломатијата мора да надвладее“, изјави Тајани по состанок во Брисел.
Тој појасни дека Италија е вклучена во одбранбени поморски мисии во Црвеното море, но исклучи можност од ширење на тие активности.
„Не гледам никакви мисии кои би можеле да се прошират на Ормуз“, додаде Тајани.
Неговиот став доаѓа во контекст на претходните апели на американскиот претседател Доналд Трамп кои од сојузниците побара да се приклучат во мисијата за заштита на поморскиот сообраќај во Ормутскиот теснец, заканувајќи се со иднината на НАТО ако не го сторат тоа.
