Вести Економија Најважни

Нафтата отиде 90 долари за барел, министерката Кочоска смирува нема потреба од паника, има доволно залихи

Цената на нафтата се искачи на речиси 90 долари за барел. Ако не се смири ситуацијата прогнозите се дека може да оди и до 150 долари за барел. Притисокот врз цената ја зголеми потрошувачката на горива и во земјава. Пред стартот на идната недела кога треба да се прави и нова корекција на цените на дериватите може да се забележи поголема раздвиженост на бензиските пумпи.

Министерката за финансии Кочоска со порака до граѓаните –  нема потреба од паника. На состанокот со нафтениот бизнис ниту една компанија не се изјаснила дека има проблеми. Иако, во јавноста се зборува дека на одредени бензиски има недостаток на деривати, Кочоска тврди – инспекторите направиле контроли на околу 100 станици.

Повеќе од 100 бензиски пумпи биле посетени од страна на државниот пазарен инспекторат во текот на едно деноноќие ова се податоци од завчера фактички. На неколку пумпи имаше само забележано само заради тоа што од главните складови не била испорачана нафта бензин како сакате до бензиските пумпи но тоа е во рамки на организацијата на самите компании. Кажаа сите дека ова може да се случи во било кој момент не само во овие услови и да им треба неколку часа за транспорт на нафтата од еден склад до бензиска пумпа, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска 

Во понеделник Регулаторите  треба да ги соопшти новите цени на горивата. Кочоска уверува ако има потреба ќе се прогласи кризна состојба и ќе се интервенира кај висината на ДДВ и акцизата за увоз на нафтени деривати.

Растот на цената на нафтата може да го поскапи транспортот кој потоа може да повлече скок и на другите цени. Министерот Николовски не очекува промени во тој дел барем за сега.

Сега за сега не очекуваме флуктуации на цени на услуга затоа што во моментов нашиот транспортен сектор е компетитивен, заради останатите поволности кои ги имаат, а тоа е пред се персоналниот данок кој е најнизок во Европа,  10 отсто, соопшти министерот за транспорт и врски Александар Николовски 

Од друга страна ФАО соопштува  дека веќе се забележува раст на цената на пченицата, на растителните масла и некои видови на месо. Меѓународните финансиски институции  предупредуваат на нов инфлаторен бран поради цената на нафтата. Македонските власти пак тврдат дека се уште е рано да се зборува на таа тема .

Освен нафтата над 50 отсто поскапи и гасот поради тоа што Катар одлучи да го сопре производството.

Ирена Чачкова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе