Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Тополова-Исајловска чека мислење од ДКСК за изземањето на Ристоска од предметот „Талир 1“

В.Д државната обвинителка Анита Тополова Исајловска ја консултира Антикорупциската комисија- дали обвинителката Ленче Ристоска има судир на интерес  да го води предметот „Талир 1“ за незконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, пред да одлучи дали ќе ја изземе како што бара одбраната,  или пак не.

Во меѓувреме закажаните термин за судење пропаѓаат. Денеска по трет пат не се оддржа рочиште за „Талир 1“. Рочиштето е отповикано затоа што судот чека од в.д. обивнителката да се прозинесе. Таа пак чека одговор од Антикорупциската комисија.

„Со цел донесување одлука по поднесеното барање, в.д. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија побара мислење од Државната комисија за спречување на корупцијата во однос на постоењето на судир на интереси во конкретната ситуација. По добивање на мислењето, ќе биде донесена одлука, влеат за Телма од јавното обвинителство“, соопштува Јавното обвинителство.

Од ДКСК за Телма велат дека му одговориле на обвинителството, но оттаму барале дополнително појаснување, и за тоа ќе се прозинесат во наредниот период.

Бранителите на обвинетите ексфункционерите од ВМРО-ДПМНЕ, побараа изземање на Ристоска уште на 29 јануари затоа што се сомневаат во нејзината непристрасност откако поднесе тужба за клевета против ВМРО-ДПМНЕ. Ристоска уште тогаш рече дека смета дека постапува објективно и според неа, обвинетите не сакаат таа да биде обвинителка во случајот и трет пат бараат нејзино изземање. Ристоска го води и предметот „Талир 2“ за партиското седиште каде обвинет е екс премиерот Груевски и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Елена Ивановска Мукоска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Уредот за хлорирање во Крушево не работел еден час поради немање струја, случајот не може да се споредува со Гостивар

Sasko Dimovski

Сопственик на фирма затаил данок од 3,8 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Притвор за струмичанец кој викендов запали трактор, а потоа и возило на негови сограѓани

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе