Основното јавно обвинителство побара и доби од судот 48 часовен притвор за сопругот на Ивана и тоа под сомнеж дека сторил кривични дела – телесна повреда, загрозување на сигуноста, и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.
Инаку вистинска војна со месеци се одвивала на шестиот кат во Карпош, соседите пријавувале насилство, а и тие физички се пресметувале со насилниот сопруг. Кобниот ден, Ивана разговарала со полицијата, но не побарала интервенција. Им објаснила дека проблемите ги решава со развод од насилниот сопруг кој ноќеска заврши зад решетки.
Јавноста реагира дека е предоцна, а министерот се правда дека претходно законот не дозволувал постапката во вакви случаи да се води по службена должност. Против Стојанчо Јованов има 10 кривични пријави за дела од насилен криминал, имотни деликти и трговија со дрога. Јовановска поднела развод, а сега се истражува и работењето на Центарот за социјални работи.
