Балкан Вести Свет

Српскиот министер за внатрешни работи Дачиќ во болница на респиратор, лекарите велат “се бори за живот”

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ е во сериозна состојба и се бори за живот поради пневмонија на двете белодробни крила поради што е згрижен во Клиничкиот центар во Белград.

-Тој моментално е на механичка вентилација – вентилатор, добива сè што му е потребно, сите лекови, терапија, со тој вентилатор, што е метод на лекување, купуваме време потребно тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тешка пневмонија и борба за неговиот живот“, изјави помошник-директорот на Клиниката за пулмологија, Спасоје Попевиќ.

Дачиќ е хоспитализиран денеска откако состојбата му се влошила дополнително. Веднаш е ставен на респиратор за да му се олеани дишењето.

Дачиќ кој е претседател на помалата владеачка партија во Србија, СПС, е на 60-годишна возраст и со години има здравствени проблеми ао дијабетес.

Вечерва во болница го посети и српскиот претседател Александар Вучиќ со министри од владата.

-Тој е во тешка ситуација, но веруваме во лекарите и веруваме во него и се молиме за него, изјави Вучиќ по посетата.

Ивица Дачиќ во 2006-та година го презеде лидерството на СПС (партијата раководена од Слободан Милошевиќ во 1990-тите години) кога партијата имаше слаб рејтинг. Член е на таа партија од 1991-ва и беше партиски портпарол и одговорен за односи со јавност во времето на режимот на Милошевиќ.

Откако е партиски претседател, за две децении ги извршуваше важните функции во Србија во повеќе мандати и влади со различен партиски состав. Беше и премиер и претседател на српскиот парламент, како и министер за внатрешни и надворешни работи.

Роден е во Призрен, а на 6-месечна возраст семејството Дачиќ се преселило во селото Житораѓа во Србија. Дипломирал новинарство во Белград со највисоки оценки.

Меѓу последните прес конференции на Дачиќ е онаа во селото Коњух кај Крушевац по откривањето на складот со 5 тона марихуана, за која се утврди дека е од Македонија.

Познато е и дека воениот рок во ЈНА го служел во Македонија односно во Куманово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе