Вести Македонија Топ вести

СДСМ: Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија Груби да се врати

„По денешниот театар на македонската граница веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор. Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување“, посочи портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција.

СДСМ ова го најави уште во декември 2024 година, а сега само се потврди пред очите на македонската јавност. Целта е политички дефокус и заштита на власта. На овој начин ВМРО, со поддршка од ДУИ, сака да го покрие најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога, кој води до врвот на Владата на Мицкоски. Но да ги прикрие и бројните скандали со криминални тендери, за кои повеќе од 80 дена нема никакви одговори, а сите криминали водат до најтесниот круг околу Мицкоски.

  • „Нема одговор за 5 тони дрога. Значи, замешани се и од Царината, и од полицијата, и од други институции под контрола на владејачката структура и на Мицкоски. Се отвори прашањето кој од актуелните функционери во Владата на Мицкоски ќе одговара? Затоа им е потребен Артан Груби. Целта е повторно да се поврзе СДСМ со ДУИ. Како што се поврзуваше кампањата со марихуаната од Струмица, како што имавме можност да видиме и со оваа најава на Жан, со купишта натписи пред неколку недели за наводна поврзаност меѓу СДСМ и ДУИ. А вистината е дека ВМРО-ОКГ се во дил со ДУИ. Кој се смее кога го апсат? Како нема ниту една камера од 65 илјади за 5 тони дрога а има камери за Груби? Власта ги презема судството и Обвинителството под своја контрола, се рушат предметите на СЈО, сега е вистинско време Груби да се предаде“, посочи Кузеска на денешната прес-конференција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ревизија со резерва за Комисијата за заштита на конкуренцијата

Kristina Kuzmanovski

5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари, заплени Царината – приведен е возачот на камионот  

Дејан Дејан

ВМРО – ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе