Вести Македонија Топ вести

Мицкоски: Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рок, до крајот на 2029 година

Автопатот од Гостивар до Кичево ќе биде изграден во рокот, потврдија премиерот Христијан Мцковски, министерот за транспорт и врски, Александар Николовски и директорот на ЈП „Државни патишта“, Коце Трајановски по денешниот увид на работите на делница „два“ којашто се простира од Гостивар до кичевското село Букојчани.

„Оваа Влада е целосно посветена на изградба на ваков тип на инфраструктура, бидејќи поврзувањето, а и самата географска местоположба на државата треба да се искористи како предност. Да се биде раскрсница во регионот е стратешка предност и како што кажа почитувана в.д. амбасадорка на САД во земјава, ние сме дел од НАТО Алијансата и на ова начин на реализирање на овие коридори се подобрува отпорноста и безбедноста во регионот, но и на Јужното крило на НАТО алијансата“, изјави Мицкоски.

Министерот за транспорт и врски и вицепремиер посочи дека експропријацијата на имотите кои се на трасата е завршена речиси 90 отсто и тоа го оцени како успех, а финансирањето е навремено што директно влијае врз навремена реализација на овој проект.

„Обврските што ги имаше државата се веќе завршени. Околу 90 отсто од експропријацијата е завршена, до сега исплатени се околу 470 милиони евра што за буџет како Македонија е огромна сума. Пред нас има уште реализација и некаде на крајот на 2029-та година ќе можеме да го возиме овој автопат. Да кажам дека прогресот е добар и на автопатот којшто оди од Тетово до Гостивар и на автопатот којшто оди од Прилеп до Битола“, истакна Николоски.

Никол Варнс, в.д. амбасадорка на САД во Македонија, се заблагодари на посветеноста да се заврши овој крупен инфраструктурен зафат.

„Коридорот 8 ќе ја трансформира економската иднина на Северна Македонија со поврзување на истокот и западот, олеснување на трговијата и создавање можности за вашите граѓани. Четириесетте километри пат кои се во изградба денес го градат тој мост. САД го ценат ова партнерство и очекуваат дека двете наши влади ќе го задржат моментумот неопходен за реализација на оваа заедничка инвестиција“, рече Варнс.

Првиот човек на ЈП „Државни патишта“, Коце Трајановски напомна дека работите на оваа делница од автопатот се одвиваат според планираното. Следен предизвик, како што рече, ќе биде експропријацијата на имоти низ селата на јужниот дел од општина Гостивар (Здуње, Дебреше, значи Бањица и Митрови Крсти), но подвлече дека роковите ќе бидат запазени.

„Би сакал да истакнам дека една од најсложените и најтешките, воедно е и најтешка и најскапа делница којашто ја правиме ние во Република Македонија досега, со оглед на конфигурацијата на теренот, со оглед на тоа што гледате дека е во ридско-планински дел каде што треба да се заобиколи Стража и да се стигне до Букојчани“, рече тој.

Трајановски посочи дека работите на делницата од Букојчани до Кичево се работи на 11 километри, а од Кичево до Охрид работите се во завршна фаза. Според него, со изградбата на оваа делница, наместо досегашните три до три и пол часа, времето патувањето од Скопје до Охрид ќе се намали речиси за двојно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 29.7.2026

meteo

Во Македонија регистрирани случаи на маларија, денга, зика и западнонилска треска

Kristina Kuzmanovski

Трамп денеска ќе се сретне со Нетанјаху и Зеленски

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе