Американскиот Претседател, Доналд Трамп, изрази „длабока разочараност“ од одлуката на Врховниот Суд на САД, кој денеска одлучи дека неговата одлука за воведување царински тарифи била незаконска.
Трамп изјава дека се срами од одлуката на судиите на Врховниот Суд, од кои неколку тој лично ги именуваше, кои гласале против неговите царини.
„Се срамам од некои членови на Судот, апсолутно се срамам, затоа што тие немаа храброст да го направат тоа што е правилно за нашата земја. Тие исто така се и срам за нашата нација“ – изјавиТрамп.
Истовремено, шефот на американската држава им се заблагодари на судиите Томас Алито и Кавано, како што рече, „за нивната сила и мудрост и љубов кон земјата“.
Но, американскиот претседател не се повлекува. Тој соопшти дека веднаш ќе воведе нови глобални тарифи во износ од 10 проценти, според дел од законот за трговија. За разлика од претходните тарифи кои Трамп ги воведе, овие нови давачки може да останат на сила максимум 150 дена.
На новинарското прашање, дали планира да ги задржи на сила неограничено, Трамп изјави: „Имаме право да правиме што и да посакаме, но мислам дека ќе почнеме ефективно да ги наплаќаме, мислам околу три дена од сега“.
Американскиот претседател изјави дека нему на располагање му остануваат алтернативни методи за имплементација на тарифите, кои потенцијално може да генерираат и дополнителни приходи.
Шефот на американската држава очекува одлуката на Врховниот Суд да доведе до екстензивна правна битка околу тоа дали сега неговата администрација треба да им врати милијарди долари на компаниите кои ги платиле царините кои тој ги воведе на таканаречениот „Ден на ослободување“.
Со мнозинство од 6 -3, Врховниот Суд одлучи дека Трамп ги пречекорил своите овластувања која ги вовел тарифите преку законот кој треба да се користи само во случаи на национални итни случаи.
Според одлуката на Судот, за да ги воведе царините на увозот во САД, на Трамп му е потребно одобрување од Конгресот.
