За речиси илјада денари пораснале трошоците за еден месец на едно четиричлено семејство, ова го покажуваат бројките за синдикалната минимална кошничка која ја објавува ССМ.
Од податоците може да се види дека вкупно на едно четиричлено семејство за да го истурка месецот, за да купи храна пијалаци, облека, да плати сметки и друго му се потребни над 67 илјади денари.
Ако на ова се додадат и трошоците за кирија за стан од околу 60 метри квадратни потреби се над 1.300 евра.
Најголем дел од парите во еден месец се трошат за храна и пијалаци – колку една минимална плата. Па така ако во едно домаќинство има двајца возрасни со минимални примања тие нема да бидат доволни да се покрие се што е пресметано како најпотребно во месецот.
