Вести Економија Македонија Најважни

ССМ: За речиси 1000 денари пораснала минималната кошничка

За речиси илјада денари пораснале трошоците за еден месец на едно четиричлено семејство, ова го покажуваат бројките за синдикалната минимална кошничка која ја објавува ССМ.

Од податоците може да се види дека вкупно на едно четиричлено семејство за да го истурка месецот,  за да купи храна пијалаци, облека, да плати сметки и друго му се потребни над 67 илјади денари.

Ако на ова се додадат и трошоците за кирија за стан од околу 60 метри квадратни потреби се над 1.300 евра.

Најголем дел од парите во еден месец се трошат за храна и пијалаци – колку една минимална плата. Па така ако во едно домаќинство има двајца возрасни со минимални примања тие нема да бидат доволни да се покрие се што е пресметано како најпотребно во месецот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агент што го познавал Епстин пронајден мртов во стан во Париз

Sasko Dimovski

Рекордни 1,15 трилиони долари за одбрана – Трамп побара, Претставничкиот дом на САД одобри

Sasko Dimovski

Петнаесетина минути чекање на ГП „Богородица“ за излез од државата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе