Вести Економија Топ вести

Владин авион без јасен правилник – кој одлучува кога и каде ќе лета, одговори нема

Ниту од Службата за општи заеднички работи во Владата, ниту премиерот не прецизираат како, кој и за која потреба се одлучува на одредена релација да се лета со владиниот лирџет, односно по кој правилник или можеби уредба се уважува барањето од министерствата. Телма вчера испрати прашања до СОЗР, а денеска и премиерот конкретно не одговори. Детално само ги образложи своите летови со лирџетoт и соопшти дека Владата се откажува од купување на нов владин авион.

„Прашањето за воздухопловот е соодветно на потребите на владата. Тоа е исто како да ме прашате зошто имате шкода супер службено возило и зошто секој ден го користите и кој е тој што одлучува дека токму тоа возило вас ќе ве превезува секој ден од вашиот дом до работно место или од точка А до точка Б. Инаку, авионот е во возна состојба можете да разговарате и со лицата кои го управуваат и тие се тие кои иницираа да обезбедиме нов. Иако на една од средба формални или неформални што сум ги имал со претседателот на СДСМ беше многу јасен и рече за ова не треба да се критикува и дека нема да ја критикуваат бидејќи утре ќе биде друга влада,  воздухопловот ќе се користи и за хуманитарни причини и ние ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи и доколку се урнеме некаде и доколку  починеме тогаш претпоставувам дека ќе им стане јасно на сите дека оваа дебата за некоја идна влада и идни премиери е одвишок“, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. 

Авионот го користел четири пати. Го раскажа патувањето до Сплит. Таму заминал со комерцијален лет, но затоа што останал подолго од планираното, го пропуштил летот за дома. Па, тргнал владиниот лирџет да го земе од Сплит и да го врати во Скопје.

Еднаш бил до Будимпешта на покана на Орбан. А со владиниот авион отпатувал и до Белград на покана на сестринска партија. Исто, патувал и до Тирана, а најави и дека во јуни ќе лета за Подгорица.

Телма претходно објави дека со владиниот авион најмногу се летало до престолнината на Унгарија. Токму поради тоа што Будимпешта била најчеста релација прашавме и во СОЗР колку вкупно изнесуваат трошоците за еден лет од Скопје дотаму, само со екипажот, но одговор за ова сè уште нема.

Според, документите од СОЗР, од министрите најмногу во воздух бил за транспорт Николовски дури 11 пати. Повеќе од него го употребила  само претседателката. Патувал и спикерот Гаши.  За година и половина вкупно имало околу 40 лета, а за сервисирање за тој период потрошени се 1, 5 милиони евра, но во овој трошок влегува и сервисот кој што е закажан од претходната Влада.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Запленет накит на ГП „Табановце“, кривична против едно лице – македонски брачен пар од Белгија фатен во обид за шверц на злато

Sasko Dimovski

Шеесет и петгодишен работник од Куманово се здобил со тешки повреди по пад од зграда

Sasko Dimovski

Агент што го познавал Епстин пронајден мртов во стан во Париз

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе