Љубов или традиција? Срце или чаша вино? Денес, на 14 февруари, секој има различни видувања за празникот посветен на љубовта, но и на лозарите. Додека едни купуваат црвени рози и плишани мечиња, други се одлучуваат за традицијата и виното. Ги прашавме и граѓаните што ќе прослават денес и дали некому ќе му подарат нешто.
„Ги славам годините. Славам љубов. Но убаво е и Св. Трифун. Ние сме Македонци, православни – што би славеле?“, рече една граѓанка.
„Св. Валентин. Ќе купам ружа за мојата сакана“, вели друг граѓанин.
Кај католичките верници, Св. Валентин е познат како празник на љубовта, романтичните чувства и приврзаноста кон блиските. Овој ден е посветен на светецот Валентин, кој тајно ги венчавал паровите во време кога тоа било забрането. Кај православните христијани се празнува Св. Трифун, празник на лозарите, винарите и бербата.
Денес се слават Св. Валентин и Св. Трифун, празникот на љубовта и виното. Токму овој мост во Скопје важи за Мост на љубовта, каде што паровите, во знак на вечна љубов, ја „заклучуваат“ својата љубов со катанци.
Софија Бислимоски
