Вести Свет Топ вести

Румен Радев поднесува оставка како претседател на Бугарија и најавува учество на парламентарните избори

Оставката на Радев претставува значаен пресврт во бугарската политичка сцена, бидејќи досега ретко се случувало претседател да се повлече пред истекот на мандатот за да учествува активно во парламентарни избори.

Овој чекор доаѓа точно 9 години откако Радев и неговата заменик-претседателка Илина Јотова положија заклетва како претседател и потпретседател во 2017 година.

  • Утре ќе поднесам оставка од функцијата претседател на Република Бугарија. Во изминатите девет години, претседателот и потпретседателот работеа заедно ефикасно и хармонично, водени од заедничка цел. Убеден сум дека Илијана Јотова ќе биде достоен шеф на државата и искрено ѝ се заблагодарувам за нејзината поддршка во текот на сите овие години. Битката за иднината на нашата татковина е пред нас и верувам дека ќе се соочиме со неа заедно со сите вас – достојните, инспирираните и непопустливите. Подготвени сме. Можеме и ќе успееме, истакна Радев во своето обраќање во нацијата.

Бугарскиот претседател Румен Радев во вечерашното обраќање до нацијата соопшти дека утре официјално ќе поднесе оставка од функцијата шеф на државата.

Според бугарската уставна процедура, ако претседателот се повлече пред крајот на мандатот, оставката треба да биде поднесена до Уставниот суд, кој ја констатира без можност за одлагање, освен ако поднесувањето не е под притисок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото на Меланија е хоспитализиран во Демир Хисар, се чека судско решение за понатамошниот третман

Igor Trajkov

Дизелот поскапува за 5,5 денари, се зголемува цената и на бензините

Дејан Дејан

Лани државата собрала скоро 80 милиони евра повеќе од данок на личен доход споредено со 2024 година

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе