Судски совет ќе објави оглас за судија во уставен суд . Ова го одлучија членовите на денешната седница на која требаше да се дискутира за пресудата на управниот суд со која беше поништен изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка која судски ја прелдожи а Собранието ја изгласа .
Според пресудата, Судксиот совет откако ја изгласа Дуковска со 11 гласа не се произнесе и за другите две кандидатки.
Една од кандидатките беше тогашната судијка, а сега членка на Судски, Антоанета Димовска која ја поднесе тужбата, а на денешната седница се иззема од оваа точка .
Членовите одлучија дека треба да постапат согласно новиот закон за судски совет во кој има нови услови и според кој Советот по објавен оглас, од редот на судиите со најмалку 20 години судиски стаж, по претходно утврдена оцена на нивните вкупни резултати во работата и придонесот за развојот на стручната и теоретската мисла и на правниот систем, му предлага на Собранието двајца кандидати за избор на судии на Уставниот суд.
Eлена Муковска Ивановска
