Вести Македонија Топ вести

Судскиот совет ќе објави оглас за избор на судија на Уставниот суд

Судски совет ќе објави оглас за  судија во уставен суд . Ова го одлучија членовите на денешната седница на која требаше да се дискутира за пресудата на управниот суд со која беше поништен изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка која судски ја прелдожи а Собранието ја изгласа .

Според пресудата, Судксиот совет откако ја изгласа Дуковска со 11 гласа не се произнесе и за другите две кандидатки.

Една од кандидатките беше тогашната судијка, а сега членка на Судски, Антоанета Димовска која ја поднесе тужбата, а на денешната седница се иззема од оваа точка .

Членовите одлучија дека треба да постапат согласно новиот закон за судски совет во кој има нови услови и според кој Советот по објавен оглас, од редот на судиите со најмалку 20 години судиски стаж, по претходно утврдена оцена на нивните вкупни резултати во работата и придонесот за развојот на стручната и теоретската мисла и на правниот систем, му предлага на Собранието двајца кандидати за избор на судии на Уставниот суд.

Eлена Муковска Ивановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

ЕУ ѝ одобри пристап на Унгарија до блокираните 10 милијарди евра – 6,5 милијарди евра грантови и 3,5 милијарди евра заеми

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе