Институтот за јавно здравје ја следи состојбата со грип низ целата земја и ќе даде препораки до Министерството за образование за можноста за продолжување на зимскиот распуст доколку смета дека има потреба за тоа.
Во првата недела од јануари се регистрирани 1.725 случаи, што е двојно повеќе од претходната недела, а доминантен е типот инфлуенца А.
Од институтот велат будно ќе ја следат епидемиолошката состојба со цел заштита на здравјето на учениците и спречување на ширење на вирусот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
