ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Tвоја Mакедонија освоиле 33 градоначалнички места во првиот круг од локалните избори што се одржаа на 19 октомври. Kоалицијата ВРЕДИ победила во 4 општини во првиот круг, СДСМ освоила градоначалници во 3 општини и НАИ, исто така, во 3 општини. Државната изборна комисија ги соопшти официјалните резултати од првиот круг од изборите, на кои се избраа советите во 80 општини и во Градот Скопје. Градоначалници се избрани во 43 општини, во 33 ќе има втор круг на 2 ноември, а во 4 општини изборите ќе почнат од почеток, затоа што не е исполнет цензусот од 30 отсто излезност. Излезноста изнесувала 46,63 отсто.
