Вести Локални избори 2025 Македонија Топ вести

МВР: Гласачко место во прилепско не било отворено навреме

Само едно гласачко  место не било отворено навреме во седум часот, тоа се случило во прилепско село, инфомираат утринава од МВР. Додаваат дека таму гласањето почнало со задоцнување од два часа.

На останатите избирачки места гласањето е почнато навреме во мирна, фер и демократска изборна атмосфера.

Во текот на денешниот ден на терен  се активирани над 90 проценти од капацитетот на МВР.

Досега не се евидентирани проблеми.

Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 4 настани каде имало потенцијално нарушување на изборниот молк, незаконити постапки од граѓани. Од МВР велат од кога ќе се изврши истрага, а јавноста ќе биде информирана за деталите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Трамп гледа голема шанса нешто да се случи во разговорите со Иран, но Техеран тврди дека пораките сè уште се разменуваат преку посредници

Дејан Дејан

СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода – Во нормална држава тие би биле прашани од првиот ден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе