Вести Магазин Свет

Pink паркинг- Само за жени во шпански Леон

Розеви силуети на жена се нацртани на места за паркирање наменети исклучиво за жените во шпанскиот град Леон.

Дизајнот на силуетите има за цел да ја потенцира грижата за родова инклузивност во урбаното планирање. Иако прифатена идејата има и критики за сексизам кон мажите, но и за ефективноста на мерката.

-Не знам како ќе утврдат дали маж или жена се паркирале тука. Не знаете кој бил зад воланот, рече една жена во анкета за шпанската телевизија.

-Добра е идејата, наведе постара жена.

-Можеби не е добро, например ако дојде мојот сопруг со децата нема да може да се паркира иако би требало полесно да најде паркинг, вели една жителка на Леон.

Градската управа соопшти дека ваков вид паркинзи има и во други европски градови, како Франкфурт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарникарите – доброволци на терен, без дневници и пари за опрема и возила

Дејан Дејан

Предложени мерки за претпазливост за тепачите на малолетник во Чаир

Дејан Дејан

На Барутана ќе се градат приватни домови ама помалку од претходниот ДУП – велат од Општина Центар по обвинувањата од „Шанса за Центар“

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе