Вести Македонија Топ вести

Четири илјади млади спортисти ,,преживуваат” на олимпијада во Скопје

Не поминаа ни 72 часа од престојот во Скопје, а веќе падна покривот во тоалетот – вака саркастично се пожали спортистка од Шпанија која се натпреварува на Европскиот младински олимписки фестивал. Таа преку видео објава на TикTок се пожали во каква ситуација се наоѓа, во собата каде е сместена за време на одржувањето на самиот фестивал. Во објавата таа не напомена дали е сместена во Скопје или пак во Куманово.

Даниел Димевски, претседател на Mакедонскиот олимписки комитет, на прашањето кој е одговорен за изборот и проверката на објектите за сместување на спортистите, кратко одговори дека се запознаени со ситуацијата и проблемот е саниран.

,,Нормално дека ги мониторираме сите случки кои што се случуваат. И убави и неубави. Значи се работи за пукната цевка во еден познат скопски хотел кој што е со 4 ѕвезди. Намокрен е плафонот и таблата од гипс картон паднала. Проблем е саниран истиот ден и не претставува никаква тема денеска’’, изјави Даниел Димевски, претседател на Македонскиот олимписки комитет.

Иако ние сме навикнати на високите температури, македонскиот топлотен бран претставува сериозен предизвик за странските спортисти. Димевски потенцираше какви сè мерки презела организацијата за нивна заштита.

,,Она што ние како организациски комитет го направивме, ја удвоивме количината на поделена вода. Не се штеди на вода. Направивме медицински мерки кои се препорачани од Меѓународниот олимписки комитет, во секоја сала има дополнителни количини на мраз. Спортскиот департмент од меѓународен европски олимписки комитет препорача промена на некои саатници, па се што беше планирано да се игра надвор во дел од денот кога температурата е висока се помести“, вели Даниел Димевски, претседател на Македонскиот олимписки комитет.

Освен сместувањето, над 4.000 млади спортисти се оставени сами на себе да се снаоѓаат во главниот град. Честа е сликата тие да чекаат на автобуските постројки, автобусите се ретки затоа што ЈСП вози по летен распоред. Но, ретко може да е сретне обележан автобус од организацијата.

Освен за предизвиците на спортистите, на денешната прес-конференција се дискутираше за досегашната реализација на фестивалот и значењето на ЕМОФ. Од организацијата напоменаа дека за првпат се соборени многу рекорди во три дена и дека се горди на овие амбициозни спортисти.

Марија Коцева

Спортистка од Шпанија: Не поминаа ни 72 часа, а падна плоча од плафонот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе