Девојче од Шпанија која е една од спортистите кои се натпреваруваат на најголемиот мултиспортски настан во земјава – Европскиот младински олимписки фестивал. Објави видео од падната плоча од плафон во купатило во собата во која таа е сместена, отворајќи голема дупка на таванот. Таа на објавата на видето напиша дека не поминале ниту 72 часа од нивниот престој во Македонија, односно во собата, а веќе паднал плафонот во бањата.
Инаку Европскиот младински олимписки фестивал опфаќа натпревари во 15 спортски дисциплини и низ улиците на Скопје може да се забележат спортисти од многу европски земји. Тие се натпреваруваат во пливање, кошарка, ракомет, одбојка.. Дел од натпреварите се одржуваат на спортски објекти со меѓународен стандард во Скопје и Куманово додека спортската гимнастика треба се оддржи во Осиек, Хрватска.
