Вести Магазин Свет

Маск: Одиме на Марс, животот на Земјата ќе биде уништен

Извршниот директор на компанијата „Спејс Икс“, Илон Маск изјави дека дава приоритет на неговата визија за живот на Марс додека неговиот ангажман во рамки на Одделението за владина ефикасност се ближи кон крај.

„Марс е животно осигурување. Целиот живот на Земјата на крајот ќе го уништи Сонцето. Тоа постепено се шири и така на некој начин ќе мора да станеме повеќепланетарна цивилизација, бидејчи Земјата ќе биде уништена“, рече Маск за „Фокс њуз“.

Маск објасни дека неговата визија за Марс не е само слетување на планетата, поставување на знаме и оставање на траги на стопало, туку целта е да се создаде „самоодржлив град“.

„Основна точка на која ќе зависи судбината на животот е Марс да биде доволно самоодржлив ида може самостојно да расте, дури и ако бродовите за снабдување од Земјата престанат да доаѓаат, без оглед дали тоа ќе биде последица на исчезнување на цивилизацијата во некоја катастрофа или мирно“, рече Маск.

Маск во март на „Икс“ објави дека неговиот вселенски брод ќе тргне кон црвената планета кон крајот на 2026 година, со роботот Оптимус. Тој предвиде дека луѓе ќе можат да слетуваат на Марс веќе во 2029 година, иако многу поверојатно е тоа да се случи во 2031 година.

Според податоците на американската вселенска агенција НАСА, Сонцето како ѕвезда со полупречник од околу 700.000 километри, ќе ја искористи сета своја енергија кога ќе почне да изумира и ќе се прошири во црвена „џин ѕвезда“.

Агенцијата нагласува дека „џиновската ѕвезда“ би можела да стане договлно голема и да ги проголта Меркур, Венера, па дури и Земјата,иако научниците предвидуваат дека животниот век на Сонцето ќе трае уште околу пет милијарди години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На второто гласање Бундестагот го избра Фридрих Мерц за нов канцелар на Германија

Дејан Дејан

По повеќе од три години преговори Велика Британија и Индија постигнаа трговски договор- царините на британските автомобили ќе се намалат од 100% на 10%

Дејан Дејан

Европскиот фронт „отворен за соработка“ и со Таравари, Филипче немал директни контакти со него – во мај ќе се знае дали Алијанса останува на „Илинденска бр. 2“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе