Вести Македонија Најважни

Осомничената претседателка на ДКСК тврди – комуницирала со семеен пријател, разговорот немал никаква поврзаност со случајот „Адитив“

Комуникација со семеен пријател – претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, вака ги опиша разговорите кои преку социјалните мрежи ги имала со обвинет во случајот „Адитив“.

Таа комуницирала со него пред да започне постапката пред надлежното јавно обвинителство, а содржината на разговорот немала никаква поврзаност со случајот, тврди Димитровска.

Истакна дека во целост ќе соработува со надлежните правосудни органи, очекувајќи брза разрешница на случајот и почитувајќи ги мерките за претпазливост во целост.

Во дописот до јавноста, Димитровска додава и дека во ДКСК во тек е постапка за проверка на имотната состојба на наведеното лице, а со електронска распределба предметот не е доделен за постапување кај неа и не може да влијае врз текот на постапката.

„Од соопштението НА ОЈО за ГОКК се согледува дека нашата комуникација траела до декември 2024 година, или пред да му е изречена мерка притвор. По оваа мерка кон него, јас престанувам со комуникација. Дел од споделените информации се однесуваат на јавни документи чија содржина пред нашата комуникација е објавена во јавност, а останатиот дел е вообичаена пријателска комуникација. Останатите шест члена на институцијата која ја претставувам, немаат никаква поврзаност со делото за кое сум осомничена“, се вели во дописот на претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.

Сето ова е „црна дамка“ за ДКСК и за нејзината работа – дециден е поранешниот член на Антикорупциска, Горан Трпеноски. Цени дека поради постапка на една личност не треба да биде заложник целата институција.

Претседателката на Хелсиншки, Неда Здравева, е на став дека поради вакви работи, генералната доверба во институциите на системот е сведена најниско што може.

„Ова води кон разнебитување на институцијата и затоа викам дека не е фер сега поради постапката на една личност сите да се заложници. Сметам дека претседателката треба да си се повлече од функцијата додека не заврши истрагата бидејќи како носител и како лик на институцијата, таа е одговорна за интегритетот на таа институција“, кажа Горан Трпеноски, поранешен член на ДКСК во вчерашната Топ Тема на Телма.

„Тие дамки барем јас имам впечаток дека се таложат една на друга и дека постои генерална недоверба во институциите на системот со мали, ситни и времени проблесоци“, кажа Неда Здравева, претседателка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, во Топ Тема.

Татјана Димитровска минатата недела стана дел од истрагата за случајот „Адитив“ и е осомничена за оддавање службена тајна.

Кривичниот суд ѝ определи мерки меѓу кои одземање на пасошот, како и забрана за работни активности поврзани со кривичното дело.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Светки ден на медиумите- Новинарите се чувари на демократијата

Дејан Дејан

Почеток на работата на автопатската делница долга 17 и пол километри која чини около 90 милиони евра

Дејан Дејан

Почнаа уписите на првачињата во основните училишта во земјава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе