Аукциската куќа „Сотби“ во изложбен центар во Абу Даби презентираше ретки дијаманти вредни 100 милиони долари. Помеѓу изложениот блескав накит, највепечатлив е сино медитеранскиот дијамант од 10,03 карати, кој се смета за еден од најважните некогаш откриени.
„Сотби“ очекува цената на десеткарантниот дијамант да достигне до 20 милиони долари на аукцијата што ќе се одржи во Женева во мај.
„Главната причина зошто сме овде е да го откриеме медитеранскиот син дијамант, кој е 10-каратно живописно син дијамант што ќе биде централно место на нашата аукција на скапоцени камења во Женева“, рече Квиг Брунинг, шеф на накит на Сотби во Северна Америка, Европа и Блискиот Исток.
Брунинг рече дека Абу Даби е избран за изложбата поради високото ниво на интерес за дијамантите.
„Ние веруваме дека ова е вистинско место, бидејќи имате и трговци и собирачи на дијаманти од оваа важност и од оваа реткост. Ова не се само секојдневни дијаманти. Ова се дијаманти кои навистина се единствени“, рече тој.
Изложбата ќе трае два дена и ќе биде затворена на 9 април, по што „Сотби“ ќе го продаде медитеранскиот син дијамант на аукција во Женева на 13 мај.