Вести Најважни Свет

Трамп: Украина никогаш не требаше да ја започне војната со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп се спротивстави на приговорите на Украина која негодува поради исклучувањето од разговорите меѓу САД и Русија во Саудиска Арабија со цел да се стави крај на војната.

Тој сугерираше дека Украина е виновна за војната што започна дури откако Русија ја нападна таа земја.

Додаде дека доколку тој бил претседател кога избила војната, ќе се погрижел Украина да добие се што сака.

Сега вели е посигурен во мировниот договор по разговорите на кои присуствуваше и американскиот државен секретар Марко Рубио.

Најави дека со Путин ќе се сретне пред крајот на месецов. Американскиот претседател, исто така, рече дека нема да се спротивстави на стационирање на европски мировни сили во Украина како дел од мировниот договор со Русија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за сопругот на Димитровска која наплаќаше за Куклица, фрлал камења кон инспектори на УЈП

Sonja Petrusevska

Симптоматична е втората оставка во Уставен, јавноста треба да ги знае причините – велат експертите

Дејан Дејан

Документот со исполнети реформи испратен во Брисел, Изборниот законик останува во политички застој

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе