Вести Македонија Најважни

Владата тргна во нова фаза за разрешување, а државниот обвинител Коцевски вели сам ќе си дадам оставка ако Советот ми најде грешка

Државниот обвинител Љубомир Коцевски ќе се повлече само ако се утврди дека направил тешка дисиплинска повреда, како што бара законот. Дали ако не се докаже дека сторил дисиплинска повреда ќе значи дека е разрешен политички, Коцевски одговори дека јавноста ќе оцени

-Одлуката ја оставам на политичарите. Јас строго сум работел и сè уште ќе работам согласно законот. Ако се исполнети условите според Законот за Јавното обвинителство, ќе го прифатам тоа и нека ме разрешат. Но, доколку не се исполнети законските услови, јавноста ќе цени дали ќе бидам разрешен на законит или на незаконит начин. Од она што го слушнав во јавноста, што да коментирам, тука нема никаква тешка дисциплинска повреда, изјави денеска Коцевски.

Коцевски и денеска кажа дека  немал судир на интерес. На какво незкаонско постпаување мислат од власта,  не знае но дополнува дека тој има менаџерска улога и не работи на конкретни предмети.

Подетално ќе се произнесе откако ќе го прочита предлогот за негова смена, а тој ќе биде испратен до Советот на јавни обвинители, по следната владина седница. На денешната, владата го разгледувала мислењето од Министерството за правда според кое на Коцевски му се забележива за нарушен углед на обвинителството, низа скандали, нарушена функционаност и незкаонско постапување и корупција, неефикасност и повреда на самостојноста на обвинителите

– Овде не станува збор само за перцепција само на Владата, ова е констатирано од стручна јавност, констатирано е во извештаи кои имаат конкретни, мерливи и објективни показатели. Во оваа смислa, Владата цени дека придонесот од јавниот обвинител за овие состојби е значителен и е резултат на низа пропусти и повреди во неговото постапување и извршување на функцијата. Овие дејствија со кои се предизвикани тешки последици по функционирањето на јавното обвинителство со што е направено намерно и неоправдана крупна професионална грешка се правните аргументи со кои што ќе побараме разрешување на Јавниот обвинител пред истекот на мандатот, рече Марија Митева, портпаролка на Владата.

Во фокусот на разрешувањето на Коцевски се и случувањата во Вишото скопско обвинитлество чиј шеф Мустафа Хајрулахи е суспендиран. Наташа Крстевска Цалева која беше поставена како времен раководител вчера до Советот за јавни обвинители испратила молба да биде ослободена од обврската, а како причина го навела тоа што е избрана пред 3 месеци и сака да се фокусира на работење на предмети.

Коцевски не сакаше да коментира дали таа се повлекува поради притисокот откако владата тврдеше дека е незаконски поставена како вршотел на одлжност а тој ги поправи дека е времен раководител .

Денеска вели ја предложил токму поради тоа што во Вишото скопско има нарушени мегучовечки односи а таа е нова и со интегритет.

-Мене не ми кажала ништо, јас бев сега изненаден. Не знам, евентуално кои се вистинските причини. Дали е ова што стоеше во писменото барање, со оглед дека се работи само за една реченица дека бара да биде ослободена од вршење на овие обврски за да се посвети на предметно работење, посочи Коцевски.

За суспендираниот шеф на Вишотот обвинителство Хајрулахи се води и дисиплинска постапка, но и кривична истрага откако дел од вработените му поднесоа пријава за малтретирање во вршење на службата.

Од штипското обвинителство каде се води постапката, попладнево информираа дека вршеле увид во вишото скопско обвинителство  за да документираат како се внесувале предметите.

-Јавниот обвинител и стручни соработници од ОЈО Штип ги документираа податоците внесени во уписниците и начинот на внесување на предметите. Притоа, се вршеше и споредба со исказите на оштетените лица – пријавители за начинот на кој наведуваат дека се интервенирало при распоредување на предметите. Увидот во документацијата е извршен во целост во согласност со одредбите на Законот за кривична постапка и за истиот ќе биде изготвен записник со констатации за сите присутни лица, соопшти Обвинителството.

Мегучовечките односи беа напишани како една од причините за разршеувањето во предлогот од правда. Коцевски изминатите месеци изјавуваше дека барал од Хајрулахи да ги среди овие сосотјби, а тој пак тврдеше дека му вршел притисок за предметот Бонусите на СЈ, за кој кривична пријава поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

Државниот обвинител Коцевски одговори дека нападите против него почнале откако наредил да се направи надзор за тоа кои обвинители и зошто повлекувале жалби во Вишото обвинителство, по што следуваа и дисиплински постапки за Хајрулахи и неговиот колега Јове Цветановски.

Вработени во обвинителството поднесоа и кривична пријава против шефот Хајрулахи и се води постапка против него за злоупотреба на службената положба и малтретирање во вршење на службата.

Елена Ивановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе