Вести Македонија Топ вести

Обвинителството е против ново судење за прегазувањето на Билински- случајот може да застари

Вишото јавно обвинителство Скопје денеска поднесе жалба до Врховниот суд против решението на Скопска апелација со кое се дозволува повторување на кривичната постапка спрема Џенис Мекиќ, кој претходно правосилно беше осуден на 2,5 години затвор во отсуство, за сообраќајката во која го усмрти 15-годишниот Иван Билински во 2014 година на пешачки кај Млечниот ресторан во Скопје. Мекиќ со години е недостапен за судот.

Вишото обвинителство смета дека не може да се дозволи повторување на постапката за лице судено во отсуство, ако нема сигурни докази дека тоа лице е достапно за му се суди во присуство.

Случајот повеќе од една деценија е во судските лавиринти.

Мекиќ во 2017 беше осуден на 2,5 години затвор, Апелација ја потврди казната, но Врховниот суд во 2019 ја поништува пресудата, поради пропусти во постапката. Одбраната цело време тврдеше дека друго возило, а не Туарегот на Мекиќ ја предизвикало сообраќајката.

На новото судење, Мекиќ не се појавуваше на рочиштата, зашто беше во странство. Во 2023 скопскиот Кривичен суд го осуди на 4 години затвор во отсуство, но Апелација ја намалува казната на 2,5 години, а Врховен ја потврди пресудата.

Во ноември минатата година, тој поднел барање за повторување на постапката, а скопска Апелација дозволи. Ако судењето се повтори, делото може да застари, со оглед на тоа што максималната затворска казна е 5 години, а кривичниот прогон застарува за 10 години.  

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски прифати примирје и предложи тоа да се продолжи и по Велигден

Дејан Дејан

Ахмети: Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки

Дејан Дејан

Арагчи: Преговорите со САД напредуваат добро, договорени нови средби следната недела

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе