Балкан Вести

Депортирана од Франција на белградскиот аеродром успеала да му избега на целиот безбедносен систем

Извор: Nova.rs

Безбедносните камери на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ снимиле неверојатна сцена на 8 јануари – жена која без документи или билет, некако успеала да им избега на чуварите, да се провлече под таканаречените е-порти од неодамна ставени во функција и да стигне до авионот кој требало да полета за Малта и покрај строгото аеродромско обезбедување и полицијата, пренесува „Nova.rs“.

Жената, позната само како српски државјанин од Смедерево, била депортирана од Франција во Белград, и успеала да му избега на целиот безбедносен систем на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, и како што пишува медиумот, „ги посочила сите системски дупки и слабости, негрижата и необученоста на луѓето кои биле задолжени да ја обезбедат.

Таа во Белград пристигнала со лет од Франција, откако била депортирана од таа земја. Според новите правила, документите на депортираните лица кои не патуваат во придружба и под надзор на службеници, таканаречени DEPU лица, ги чуваат пилотите или членовите на екипажот на авионот. По слетувањето, тие ги предаваат овие документи или на локалните полицајци или на службениците за безбедност, а доколку нема „комиси за добредојде“, тие можат да му ги дадат на депортираните.

Во овој случај не се знае кому се предадени документите на Србинката од Франција, но жената го искористила нивното незнаење, невнимание и – избегала. На видеото до кое дојде порталот Nova.rs се гледа како жена ползи покрај е-портата, ползи под лентите кои го регулираат правецот на движење на патниците, се лизга покрај една од вратите, влегува во канцеларија која во тој момент била празна, а потоа снимањето престанува.

Жената успеала да стигне до авионот на Визер кој требало да полета за Малта, а екипажот видел дека нема ниту билет ниту документи, па на крајот била повикана полиција и жената била приведена. Нејасно е како ниту еден од бројните полицајци кои требало да патролираат на аеродромот не ја забележал жената што ползи, ниту пак некој ја видел во мониторите на камерите за видео надзор. Жената успеала да помине незабележано.

Како што неофицијално дознава агенцијата Нова.рс, по апсењето била испратена на опсервација во психијатриска установа, од каде била пуштена, а не се знае дали против неа е поднесена прекршочна пријава.

Системот е-порта беше официјално пуштен во употреба на 20 декември минатата година од самиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, а неполни три недели подоцна беше пронајдено лице кое го надмудри целиот систем. Инаку, белградскиот аеродром веќе пред десетина години воведе е-порта на која патниците сами ги покажуваат документите без контакт со полицијата, но таа беше укината бидејќи се покажа дека има многу слабости.

Извор на фотографија: Nova.rs

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе