Ниту е Донбас, ниту Запорожје, ниту некое друго место во Украина. Ова е пустошот што зад себе го оставија големите пожари во Лос Анџелес. Најновиот биланс е 24 загинати луѓе од кои осум во Пацифик Палисејдс, а 16 во Итон. Локалните власти стравуваат дека бројот на загинати може да расте, со оглед дека на службите за итни случаи им треба време за безбеден пристап до сите области погодени од пожарите. Уништени се над 12.000, изгорена е површина од преку 60 квадратни милји.
Во Националниот парк во Лос Анџелес избија два нови пожара. Избувнале на нерамен терен, над лабораторијата на Националната вселенска агенција (NASA која е затворена, а нивното гасење е во тек. Како што пренесува Лос Анџелес Тајмс, градските власти соопштија дека во текот на претходната ноќ се уапсени уште 29 лица во зоните на пожарите, вклучувајќи еден осомничен за провала кој бил облечен како пожарникар.
Жителите кои ги преживеаа пожарите, со потресни сведоштва за тоа што се случувало во вторникот кога огнените јазици стигнале до нивнтие домови. Оние кои се вратија до нивните домови, велат дека областа е како бомбардирана и срамнета со земја.
Американската метеоролошка служба прогнозираше брзина на ветар до 110 километри на час, што, во комбинација со сувата вегетација, придонесува за брзо и непредвидливо ширење и на постоечките и на новите пожари. Противпожарната служба предупреди дека опасностите од пожари во областа која не видела дожд од април е до среда. Но, градоначалничката на Лос Анџелес уверува дека градот ќе биде обновен во најбрз можен рок.
Официјални лица издадоа предупредување до 10-милионскиот округ на Лос Анџелес да бидат подготвени за евакуација поради огнената стихија и токсичниот чад. Над 100.000 луѓе до неделата добија наредба да ги напуштат домовите, а уште 87.000 се соочуваат со неопходност од евакуација.
Сашко Димовски